Завршница е на летниот преоден рок и тогаш се случуваат „луди“ работи. Една од нив е и веста дека европскиот првак Реал Мадрид добива можност да го ангажира чилеанскиот интернационалец од редовите на Арсенал, Алексис Санчез. Тој е поранешен фудбалер на Барселона и еден од најквалитетните навални играчи во Европа, а неговиот агент Фернандо Феличевиќ се обидува на сите можни начини да го извлече од „Емирати“.
Арсенал не се согласува да го продаде на ривалот од Премиер – лигата, Манчестер сити, но затоа Алексис Санчез му е понуден на Реал Мадрид. Тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, истакна дека клубот нема да прави трансфери до крајот на летниот преоден рок, но секако дека можноста да се доведе Чилеанецот можеби и ќе го промени неговото мислење. Карим Бензема не е во најдобра форма, а Алексис Санчез би бил одлично решение за неколку позиции во навалната линија на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА