Непотребната бура што ја предизвика Е. Пелистер со низата соопштенија во изминатиот период придонесе на крајот битолчани да си ја исполнат желбата, своето полуфинале со Тиквеш да го играат в четврток и со тоа да добијат ден повеќе за одмор пред големото финале.
Двата скопски ривали Вардар и Алкалоид покажаа спортска големина јасно ставајќи до знаење дека на големи клубови тој еден ден одмор им нема преголемо значење, особено кога не се играат два дена во два меча, овие два клуба претходно преку соопштение објавија дека прифаќаат промена на терминот, па Ракометната Федерција на Македонија попладнево објави дека е променет распоредот за куп-завршницата, Е. Пелистер и Тиквеш ќе се сретнат во првиот меч в четврток, додека Алкалоид и Вардар своето полуфинале ќе го играат в петок.
Почитувани,
Натпреварувачката комисија при РФМ постапувајќи по доставени дописите од страна на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид се согласија до го отстапат предвидениот термин четврток за одигрување на полуфиналниот натпревар од Ракометниот Куп на Македонија 2024, на инсистирање на РК Е. Пелистер. Допис за промена на терминот има доставено и од ГРК Тиквеш 2014.
Термини за одигрување на полуфиналните натпревари во рамки на ракометниот Куп на Македонија 2024:
Натпревар : РК Еурофарм Пелистер – ГРК Тиквеш 2014
Ден и час : четврток (16.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.
Натпревар : РК Вардар 1961 – РК Алкалоид
Ден и час : петок (17.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.
Финален натпревар : Недела (19.05.2024 г.) со почеток во 19.00 часот.
Спортското витештво се демонстрира на терен, а се гради вон терен, нека победи подобриот
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА