Рокада во Работнички: Потпиша Алстон, си замина Витни

Работнички конечно покажа знаци на финансиска консолидација, откако по спогодбите за исплата на старите долгови „центарци“ добија зелено светло за регистрација на странските кошаркари кои ќе можат да дебитираат веќе на денешниот дуел со Тиквеш (18 часот).

Воедно, тимот на Владимир Мирковски реши и да направи рокада во играчкиот кадар откако Американецот Витни не се снајде најдобро во новата средина и предвреме беше раскинат договорот со него. Воедно, експресно беше доведен нов странец откако Работнички ја официјализираше соработката со искусниот Брендон Алстон.

Станува збор за универзален кошаркар кој ги покрива позициите еден до три, а во Работничкки доаѓа од Нов Зеланд каде што настапуваше за тимот на Хоукс Беј и оствари ефект од 14.3 поени, 5.9 асистенции и 3.1 скок по натпревар. Алстон претходно има и богато искуство од европската кошарка, настапувајќи за екипи од Португалија, Естонија, Финска, Чешка, Романија, Германија…

Се вчитува...