Ролан Гарос: Ланскиот финалист се намачи за влез во 3. рунда

Ланскиот финалист на Ролан Гарос, норвешкиот тенисер Каспер Руд, добро се намачи во дуелот со Давидович-Фокина, за да се пласира во 3. рунда на турнирот. Во меч кој траеше маратонски повеќе од четири часа, на крајот Руд го скрши отпорот на својот ривал.

Првиот сет го доби Норвежанецот во тај-брејк, а потоа Давидович-Фокина врати „жестоко“ добивајќи го вториот сет убедливо со 6-1. Во третиот Руд победи со 3-6 за ново водство, но Шпанецот не се предаваше и израмни на 2-2 (6-4 во четвриот сет).

Во решавачкиот петти сет Руд успеа да го добие со 6-4, и така да се пласира во следната фаза.

За пласман во следната рунда се намачи и Холгер Руне, кој со 3-2 го совлада италијанскиот тенисер Флавио Коболи.

Се вчитува...