Ролан Гарос останува единствен грен-слем со маратонски завршници

Австралија Опен тргна по стапките на Вимблдон и од следното издание воведува тај-брејк. Во решавачкиот трет или петти сет, на 6-6 ќе се игра тај-брејк, по правилото, прв до 10 поени. На Вимблон од следната година, тај-брејк, прв до седум поени  ќе има во решавачкиот сет на 12-12.

На УС Опен, грен-слемот кој прв го воведе правилот за тај-брејк, овој начин на одредување на победникот се применува при 6-6 во завршниот сет, што значи дека секој од турнирите ќе користи различен формат.

Со ова Ролан Гарос останува единствениот грен-слем турнир на кој ќе бидат играни бесконечно долги решавачки сетови.

Директорот на Австралија Опен, Грег Тили изјави дека одлуката била донесена откако биле спроведени најдолгите и најопсежните консултации во историјата на турнирот. Тој објасни дека за мислење биле прашани играчите, поранешни и активни, коментаторите, телевизиските аналитичари како и агентите. Врз основа на тоа била донесено конечното решение.

 

Се вчитува...