Повеќе од јасно е дека Рома ќе ја има улогата на аутсајдер на денешното гостување против Барселона. Квалитетот е на страната на каталонскиот гигант, уште повеќе кога настапува пред своите гледачи каде Барса е непобедлива со години наназад. Поточно, на последните 25 натпревари одиграни во ЛШ на домашен терен Барселона има скор од 23 победи и само две реми. Непобедени останале Атлетико Мадрид во 2014 и Јувентус во 2017 година, а во овој период Барселона постигнала дури 78, а примила само 11 погодоци.
Последниот пораз на Барселона пред своите гледачи во елитното европско натпреварување е забележан на 1 мај 2013, кога Баерн Минхен доминираше на „Камп ноу“ и заслужено славеше со 0-3.
„Знаеме се за квалитетите на противникот, но немаме намера да се предадеме. Ова ни е шанса за да испишеме нова клупска историја и ќе сториме се за да го изненадиме фаворитот“ – коментираат од таборот на Рома во пресрет на вечерашниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА