Рома продолжува со промените во тимот по ангажманот од страна на новиот тренер Џампјеро Гасперини. Официјално нов фудбалер на „волчницата“ е Нил Ел Ајануи, во текот на денот се очекува и промоција на Еван Фергусон кој ќе пристигне од Брајтон, а како трето засилување е најавен Бразилецот Весли.
Преговорите со Фламенго за ангажман на 21-годишникот во вредност од 25 милиони евра и дополнителни бонуси се во завршна фаза и наскоро се очекува и „зелено светло“ за трансфер кој беше највен и со неговото отстуство од теренот на последниот натпревар на бразилскиот клуб.
Десниот бек оваа сезона настапи на 10 од можните 14 натпревари во бразилското првенство и забележа две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

