Новиот директор на Рома, Мончи, ја продолжува својата традиција од Севилја, каде ангажираше евтини, но квалитетни засилувања кои потоа стануваа ѕвезди во Примера дивизион.
И второто засилување на Рома под водство на новиот директор доаѓа од Холандија, па по мексиканскиот дефанзивец Морено од ПСВ Ајндховен, денеска ангажиран е и десниот бек на Феенорд, Рик Карсдорп. Станува збор за 22-годишен дефанзивец кој утрово пристигна во „вечниот град“ придружуван од својот брат, па по лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со „волчицата“.
Карсдорп неодамна потпиша нов договор со Феенорд, со важност до 2021 година, поради што холандскиот клуб ќе бара 15 милиони евра за овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА