Фудбалерите на Рома носеа специјални дресови за време на неделниот натпревар против Сасуоло за да покажат поддршка и да им помогнат на луѓето од Авганистан.
Рома на Жозе Мурињо го победи Сасуоло на „Олимпико“ во одличен натпревар, откако со гол во продолженијата го запиша 1000-от натпревар на Португалецот во тренерската кариера.
Играчите на домашниот тим на „Олимпико“ на ракавите носеа лого од УНХЦР, агенција на ОН која е фокусирана на маките на бегалците ширум светот. Дресовите што ги носат фудбалерите на Рома ќе бидат продадени во добротворни цели, а потоа парите ќе им бидат предадени на луѓето од Авганистан.
Рома Карес, добротворната организација на клубот, одлучи да ја започне оваа иницијатива за одбележување на 70 години од конвенцијата за бегалци, која ги гарантира правата на раселените лица според меѓународното право.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА