На малерите на Рома никако да им дојде крајот. По тешката повреда на Џорџино Вајналдум кого го чека долга пауза, на вчерашниот меч се повреди Николо Заниоло. Според лекарските прогнози, тој ќе биде надвор од терените околу еден месец.
Заниоло го повреди рамото на вчерашниот дуел против Кремонезе. Во финишот од првиот дел по еден противнапад незгодно падна и остана да лежи. Му беше укажана помош, а после тоа беше сменет. Италијанскиот репрезентативец беше изнесен на носила и веднаш пренесен во болница.
Рома ќе биде без него до крајот на септември, а во идното коло му гостува на Јувентус. Вајналдум, пак, се очекува да се врати на терените дури во јануари, откако има скршеница на ногата по еден старт на Џан врз него на еден од тренинзите на „волчицата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА