Управата на Рома, задоволна од прикажаните игри на стартот од сезоната, го продолжи договорот со Емануеле Лули.
Играчот кој потекнува од академијата на Рома, потпиша нов договор со „римската волчица“ до 2031 година.
Младиот 19-годишен Лули е вистинско откровение на стартот од сезоната за Рома, веќе одигра шест натпревари и постигна еден гол и се наметна како неизоставен дел од првиот тим на „волчицата“ која по осум кола во Серија А е трета со 18 освоени бодови, четири помалку од лидерите Лацио и Интер.
Emanuele Lulli. La storia continua 🎨
#ASRoma https://t.co/12sjXCl9he
— AS Roma (@OfficialASRoma) October 26, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
