Рома доживеа непријатна елиминација од Купот на Италија, откако на домашен терен загуби од Торино со 1-2. Тимот на Синиша Михајловиќ патува во четвртфиналето каде ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Јувентус и Џенова, кој се игра вечерва, со почеток во 20.45 часот.
Торино поведе со 0-2 на „Олимпико“, со головите на Де Силвестри во 39.минута и на Едера во 72.минута. Четири минути подоцна беше досуден пенал за Рома, но не успеа да го реализира Един Џеко. Голманот на Торино, Вања Милинковиќ – Савиќ го одбрани неговиот удар.
„Волчицата“ намали на 2-1 во 85.минута преку Патрик Шик, но немаше сили за да израмни. Во последните мигови Џеко уште еднаш пропушти убава шанса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА