Пауло Дибала и дефинитино си заминува од Торино, Аргентинецот во понеделникот официјално се збогуваше со навивачите, што значи дека наредната сезона нема да го носи дресот на Јувентус.
Во овој момент се уште не е познато каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата, а како една од опциите се појави Рома. Во претходниот период Интер се истакнуваше како фаворит за потписот на Дибала, но Пауло експресно ја демантираше ваквата шпекулација.
Од останатите заинтересирани клубови се издвојвуаат Тотенхем, Арсенал и Атлетико Мадрид. Меѓутоа според последните информации, Рома го користи Жозе Мурињо како мамка за одличниот играч на Аргентина. Контроверзниот Португалец ја препороди Рома оваа сезона, па на лето ќе тргне кон нови засилувања, Жозе е веќе познат како одличен мотиватор, инспиративен менаџер кој може да го извади максимумот на секој играч, па големи се шансите да седне на маса со Дибала за да го убеди дека неговата иднина е во Рома.
„Волчицата“ не може да му понуди на Дибала настап во Лигата на шампионите, меѓутоа „Ла Република“ наведува дека соработката со Мурињо е главниот адут на тимот од Рим. Не е познато дали барањата на Дибала можат да бидат проблем за Рома, а олеснителна околност за италијанскиот клуб е што Аргентинецот би пристигнал без оштетување како слободен фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА