Италијанскиот калчолигаш Рома сака да ја засили навалната линија со Маријано Дијаз, напаѓачот на Реал Мадрид кој не доби голема шанса минатата сезона на „Сантијаго Бернабеу“. Тој играше одлично во дресот на францускиот Лион, потоа се врати во Мадрид, но таму не успеа да се наметне и најверојатно ќе мора да си замине. Рома е подготвена да го купи и според најавите од италијанските медиуми ќе понуди 30 милиони евра.
За Маријано Дијаз се интересира и англискиот премиерлигаш Арсенал, но „топчиите“ се обидуваат да го доведат на едногодишна позајмица со опција за целосен откуп на договорот. Тоа во моментот не му одговара на „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА