Рома го купува Тоби Алдерверелд

Дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдерверелд, ги договори условите за трансфер во италијанскиот калчолигаш Рома. Спортскиот директор Франко Балдини успеал да го убеди Белгиецот да пристигне на „Олимпико“, а Тотенхем ќе добие 10 милиони евра.

Новиот тренер Пауло Фонсека сака да создаде нов одбранбен тандем и планира да го доведе и Миранда од Интер.

Алдерверелд го носеше дресот на Тотенхем од 2015 година, а претходно беше член на Атлетико Мадрид, Саутемптон и на Ајакс.

Се вчитува...