Екипата на Рома ќе ги засили своите редови со грчкиот интернационалец Костас Цимикас, кој е дел од Ливерпул. Претходно јасно беше ставено до знаење дека за Цимикас нема место во тимот од Енфилд, по што „волчицата“ сака да го донесе.
Ливерпул сака да го стави на трансфер листа, а Рома инсиситра на позајмица на една сезона, што веројатно ќе биде прифатено од страна на англискиот првак, и наскоро би требало Гркот да пристигне на лекарски прегледи и на потпис.
29-годишниот Цимикас во минатото играше за Олимпијакос, Есбјерг и Вилем 2, за од 2020 година се пресели во Ливерпул. Според информациите од италија и од англија, двете раководства се блиску до постигнување на договор за позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

