Рома го „прегази“ Калјари (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома стигнаа до голема гостинска победа во италијанската лига откако вечерва славеа против Калјари со 0-4 во меч од 8. рунда.

Гостите до водство од 0-1 стигнаа со погодокот на Ауар во 19. минута, а само минута подоцна беше и 0-2 со погодокот на Лукаку.

Во вториот дел Белоти во 51. минута зголеми на 0-3, а Лукаку во 59. минута донесе водство и од 0-4. Конечните 1-4 беа дело на Нандез во 86. минута.

 

 

Се вчитува...