Италијанскиот калчолигаш Рома го претстави првото засилување за следната сезона. Левиот бек на Јувентус, Леонардо Спинацола, пристигна на „Олимпико“ како дел од трансферот на Лука Пелегрини во таборот на „старата дама“. Ова е прв трансфер на новиот спортски директор на „волчицата“, Џанлука Петраки.
Спинацола ги мина медицинските прегледи и потпиша петгодишен договор со Рома. Тој ќе заработува 3 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА