Рома го продава Стротман во Франција за 30 милиони евра

Кевин Стротман ќе си замине од Рома до крајот на овој преоден рок и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Олимпик Марсеј. Финалистот од Лигата на Европа водеше интензивни преговори со „волчицата“, за директорот Мончи на крајот да даде зелено светло за холандскиот ас да се пресели на „Велодром“. Понудата заедно со бонуси достигнува и до 30 милиони евра, Мончи смета дека тоа е добра сума за играчот кој во секој случај немаше да биде стандарден првотимец, па јасно е дека Стротман ќе си замине од „Олимпико“ во следните неколку дена.

За самиот фудбалер е подготвен четиригодишен договор за 4,5 милиони евра по сезона, плата повисока од онаа што ја зема во Рома, па и за холандскиот играч за врска најдобра опција е преселбата во Франција. Еден од клучните фактори сигурно е тренерот Руди Гарсија, кој имаше беспрекорна соработка со Стротман додека седеше на клупата на Рома, а сегa сака да го има на располагање и во Марсеј.

Се вчитува...