Рома го урна Наполи, гостите завршија со девет играчи (ВИДЕО)

Дербито во Италија помеѓу Рома и Наполи, му припадна на тимот на „волчицата“ со 2-0. Во интересно ддерби во кое имаше многу борба, црвени картони, вербални пресметки, на крајот домашните се радуваа на победа, а во голема мера им помогна тоа што Наполи го заврши мечот со девет играчи по исклучувањата на Политано и на Осимен.

Победата ја најави Лоренцо Пелегрини во 76. минута од средбата, кога искористи една грешка на одбраната на гостите за да постигне гол, а потоа Лукаку во последните секунди и дефинитивно стави печат на победата.

Наполи ја завршува катастрофалната недела со два порази. Пред неколку дена екипата беше поразена од Фросиноне на домашен терен во Купот со убедливи 0-4.

Ова беше прв меч за Наполи без Елмас во составот, кој утрово замина во Германија на комплетирање на трансферот во Лајпциг.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...