Џенаро Гатузо би можел на крајот на сезоната да го напушти Хајдук, и да се врати во Италија, преземајќи го кормилото на Рома, тврдат дел од италијанските медиуми.
Римскиот им идната сезона ќе има нов тренер, откако сегашниот Клаудио Раниери најави дека ќе стави крај на тренерската кариера и дефинитивно, со што „волчицата“ ја почна потрагата по нов предводник.
Гатузо минатата година дојде во Хајдук, и со тимот е во битка за титулата во Хрватска. Во Италија работеше во Палермо, Пиза, во Милан и Наполи. На прашањето за Рома, тој кратко одговори:
„Ајде ние да зборуваме за Истра, а не за Рома“, рече кратко Гатузо на прес-конференцијата на Хајдук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

