Италијанскиот калчолигаш Рома сака да го врати на „Олимпико“ холандскиот интернационалец Кевин Стротман. Тој минатото лето замина во Олимпик Марсеј за сума од 25 милиони евра, но подготвен е да се врати во Италија и повторно да го облече дресот на „волчицата“.
Стротман пет сезони го носеше дресот на Рома, одигра 102 натпревари и постигна десет гола во периодот од 2013 до 2018 година. Потоа потпиша петгодишен договор со Олимпик Марсеј, но многу веројатно по само една сезона ќе се врати во Рим. Раководството на Рома подготвува понуда од 20 милиони евра за негов камбек на „Олимпико“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА