Рома го враќа „отпишаниот“ Калиниќ во Серија А

Диего Симеоне нема да смета на Хрватот Никола Калиниќ за новата сезона во Ла Лига, во која Атлетико Мадрид ќе има неверојатна конкуренција во нападот.

Калиниќ тренира одвоено во очекување на трансфер, кој според најавите наскоро ќе се реализира. Според последните информации Рома сака повторно да го врати Калиниќ во Серија А. Римјаните се во потрага по напаѓач, па подготвени се да го доведат Хрватот на позајмица со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната.

Калиниќ минатото лето од Милан се пресели во Атлетико за 14,5 милиони евра, но не се прослави во Шпанија постигнувајќи само два гола на 17 настапи. Сезона претходно за Милан постигна шест гола, а најефикасен беше во Фиорентина каде во две сезони постигна 27 погодоци.

Се вчитува...