Рома се пласираше во осминафиналето од Лигата на Европа откако на реванш дуелот на „Олимпико“ славеше со 3-1 против Порто.
По првите 1-1 од Порто, сега „волчицата“ целосно доминираше на дуелот во Рим за пласман во осминафиналето, и покрај тоа што Португалците поведоа со голот на Саму во 27. минута.
Но, потоа Дибала стрелаше во 35. и во 39. минута за пресврт предност од 2-1 за Рома, а Писили во 83. минута зголеми и на 3-1. На крај, Порто само го ублажи поразот за чесна елиминација.
⚽️ GOAL: Samu
🇪🇺 Roma 0-1 Portopic.twitter.com/d43f8km1vw— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 20, 2025
Во осминафиналето се пласираше и ФЦСБ откако во Романија со 2-0 триумфираше против ПАОК по онаа победа за Романците од 2-1 и во Солун пред седум дена.
Аз Алкмар лесно обезбеди место во осминафиналето со реми (2-2) на гостувањето против Галатасарај, откако во Холандија славеше убедливо со 4-1.
Продолженија ќе има во Норвешка каде Бодо Глимт по регуларните 90 минути има 3-2 против Твенте. На првиот меч Твенте славеше со 2-1.
Бодо Глимт дојде до предност од 3-1 со два гола во судиското продолжение, во 92. и во 94. минута, но Твенте успеа да се спаси, извлекувајќи продолженија со гол за 3-2 во 96. минута. Но, на крај во продолженијата Бодо Глимт постигна два гола и со вкупни 5-2 се пласираше во осминафиналето од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

