Рома продолжи со слабите игри од почетокот на овој месец, откако по ремито со Џенова и елиминацијата од Купот на Италија од Интер „волчицата“ вечерва едвај ремизираше на гостувањето против Сасуоло (2-2). Со ова реми римјаните остануваат на седмото место на табелата содва бода заостанување зад шестопласираниот Лацио и огромни „минус 15“ зад лидерот Милан.
Првото полувреме донесе израмнета битка, а кога Рома поведе пред самиот крај со пеналот на Абрахам (по играњето со рака на Кирикеш) се чинеше дека избраниците на Мурињо ќе имаат полесна задача во вториот дел. Наместо тоа, примениот гол дополнително го мотивираше Сасуоло, па домашните фудбалери направија целосен пресврт, со автоголот на Смолинг и погодокот на Траоре.
„Волчицата“ во последните петнаесетина минути имаше и играч повеќе на теренот по исклучувањето на Ферари, предност што Рома ја искористи дури во 93. минута кога Кристанте го постигна израмнувачкиот погодок за конечните 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА