Рома и Фејенорд ќе се борат за историскиот трофеј во Конференциската лига

Рома и Фејенорд ќе се борат за историскиот, прв трофеј во Конференциската лига откако италијанскиот и холанѓанскиот тим ја надминаа полуфиналата пречка наречена Лестер, односно Марсеј.

„Волчицата“ и „лисиците“ влегоа во натпреварот на „Олимпико“ со изедначен резултат од првиот натпревар (1-1), а херојот на Рома беше Тами Абрахам кој ја затресе мрежата на Шмајхел во 11. минута. Овој резултат остана на семафорот до крајот на мечот за големо славје на домашните навивачи.

Марсеј и Фејенорд ремизираа без голови во Франција, а тоа беше доволно холандскиот тим да се пласира во големото финале со оглед на победата од 3-2 на домашен терен во првиот натпревар од двомечот.

Кој ќе биде првиот тим кој ќе го крене трофејот во натпреварувањето ќе дознаеме на 25. мај во Тирана.

Се вчитува...