Интер и Рома вечерва дојдоа до победи над своите ривали Кремонезе односно Монца. И двата тима славеа лесни триумфи од 3-1 и 3-0.
Интер поведе со голот на Кореа во 12. минута, а потоа одличниот погодок на Барела во 38. минута донесе 2-0. Лаутаро Мартинез во 76. минута донесе 3-0, а Кремонезе само успеа да намали во 90. минута со голот на Окереке.
Рома во првиот дел поведе со 2-0 со головите на Дибала. Аргентинецот одличната партија ја почна со гол во 18. минута, а во 32. зголеми на 2-0. Во вториот дел Ибанез во 61. минута погоди за конечни 3-0. Рома со оваа победа ќе преноќи на врвот на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА