Рома и Милан ги поделија бодовите во дербито во Серија А (ВИДЕО)

Рома и Милан ги поделија бодовите играјќи 1-1 во дербито на 22. коло во Серија А.

„Миланезите“ беа поблиску до победата откако поведоа со голот на Кони Де Винтер, а на асистенција на Лука Модриќ, во 62. минута.

Сепак, Рома успеа да дојде до реми благодарение на голот на Пелегрини од пенал во 74. минута.

По ова реми двете екипи останаа на иста меѓусебна разлика, а со пет, односно девет, бода заостанување зад лидерот Интер.

Се вчитува...