Рома успеа да издржи натпревар без голови на гостувањето против Баер во Леверкузен на реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа, сосема доволно за пласман во финалето во второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Откако првиот натпревар во Рим заврши со победа на Рома од 1-0, сега „волчицата“ издржаа во Леверкузен до 0-0, сосема доволно за место во финалето.
Пласман во финале, пак, низ продолженија ќе бараат Севилја и Јувентус кои во Шпанија играат 1-1 по регуларните 90 минути, идентично како што беше и на првиот натпревар во Торино.
Јувентус поведе на мечот во Шпанија со голот на Влаховиќ во 65. минута, но Севилја со „бомба“ во 71. минута на Сусо успеа да израмни на 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА