Рома дефинитивно е најактивен клуб на пазарот летово откако „римската волчица“ ги финишираше преговорите за уште едно квалитетно засилување. Станува збор за Стивен Нзонзи, одличниот играч за врска на Севилја кој беше дел и од францускиот национален тим на Мундијалот во Русија.
За Нзонзи се интересираше и Унаи Емери за да го доведе во Арсенал, но спортскиот директор на Рома, Мончи, умешно ги финишираше преговорите со својот поранешен играч од Севилја. Нзонзи се согласи на петгодишен договор за плата од 2,5 милиони евра плус бонуси, па сега останува само уште клубовите да се договорат околу отштетата, нешто што се очекува да се случи во следните денови за сума од околу 25 милиони евра.
„Волчицата“ ќе врати дел од овие пари со продажбата на Гоналон, кој е на пат кон Премиер-лигата по понудите што за ексфудбалерот на Лион ги испратија Евертон и Кристал палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА