Рома извлече бод во Фиренца

Рома во завршницата од дуелот во Фиренца успеа да избегне пораз од Фиорентина, играјќи 1-1. Ова за двете екипи е четврто реми во сезоната, и имаат идентично, по 16 освоени бодови.

Фиорентина поведе од пенал. Џордан Верето беше сигурен реализатор на ударот од белата точка во 33.минута од натпреварот. Рома долго се обидуваше да возврати, а тоа му успеа на Алесандро Флоренци во 85.минута од мечот.

Се вчитува...