Рома ја победи Џенова и се зацврсти на шестата позиција

Со победата над Џенова, екипата на Рома се зацврсти на шестата позиција на табелата, која може да донесе на крајот и пласман во Лигата на шампионите, само ако Аталанта го совлада Баер Леверкузен во финалето на Лигата на Европа.

Ромело Лукаку во 79. минута му ја донесе победата на римскиот тим. Иако во тие мигови Рома имаше играч помалку (во 75. минута беше исклучен Паредес), сепак, на крајот стигна до триумфот.

За Рома ова беше 18-та побеад во првенството, и сигурно излегува во Европа идната сезона.

Се вчитува...