Рома им се врати на победите во елитното италијанско првенство откако во последниот натпревар од 17. коло и воедно последниот натпревар во Серија А во 2025 година славеше на домашен терен против Џенова со 3-1.
Голеадата во Рим ја започна Соуле во 14. минута, а продолжи во 19. минута кога Коне донесе предност од 2-0. Веќе во 31. минута резултатот гласеше 3-0 по голот на Фергусон.
Мрежите мируваа се до 87. минута пред Екхатор да намали на 3-1, постигнувајќи го последниот гол во годината.
Рома ја завршува годината на четвртата позиција на табелата со 33 освоени бодови. Џенова во 2026 година ја очекува битка за опстанок со само 17 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

