Медиумите во Италија пишуваат дека Рома би можела да го засили средниот ред со фудбалерот на Манчестер Сити, Клаудио Ечевери. Новиот тренер на „волчицата“ Џанпјеро Гасперини има намера да го доведе Аргентинецот на „Олимпико“.
Рома сака да му предложи на Сити позајмица од една сезона, со опција за откуп на неговиот договор во висина од 33 милиони евра во 2026 година. Во целосниот пакет, англискиот тим би можел да ја вклучи и клаузулата за првото купување на аргентинскиот играч.
Играчот јасно стави до знаење дека сака поголема минутажа и дека сака да се приклучи на Рома, каде би играл со некои од своите сонародници како Дибала и Суле.
Исто така претходно имаше шпекулација за позајмица во Џирона, кој има исти сопственици како Сити, а сега Рома има предност во неговиот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

