УЕФА веројатно нема да ја казни Рома за инцидентите што ги предизвикаа навивачите пред првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Претседателот на европската фудбалска асоцијација, Александер Чеферин, вели дека можеби нема да има санкции за италијанскот клуб за „делата на лудаци“.
Двајца навивачи на Рома беа уапсени под обвинение за обид за убиство на навивач на Ливерпул. Повредениот беше пренесен во локална болница и неговата состојба се водеше како критична.
УЕФА покрена постапка против Рома.
„Дебатата и натаму трае. Не сум сигурен дека казнувањето на клубот поради непредвидените постапки на лудаци ќе придонесе некако. Треба да соработуваме. За дуелите против Ливерпул, италијанската влада обезбеди заштита за навивачите“ – изјави Чеферин.
Дел од медиумите претходно објавија дека се очекува УЕФА да и забрани на Рома да води навивачи на гостувањата. Се претпоставуваше и дека клубот можеби би бил парично казнет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА