Рома би можела да преземе правни мерки и да бара правда во случајот со како што велат од клубот „киднапирањето“ на Малком. Во понеделникот, Рома објави дека е договорен трансферот на Бразилецот од Бордо и дека се очекува тој да дојде на медицински прегледи. Сепак, тој никогаш не пристигна во главниот италијански град, а денеска Барселона го претстави како ново засилување.
„Ги разгледуваме опциите околу можноста за правна битка. Точно е дека ништо не беше потпишано, но има безброј пораки меѓу агентите и нивниот претседател. Затоа ние сметавме дека работата е завршена. Договор постоеше“ – објави Рома на официјалната страница на клубот.
Од Рома велат дека и најавиле на управата на Бордо дека се подготвени да ја надминат понудата од Барселона. Потоа им било побарано да испратат и официјален документ, за на крајот францускиот клуб да ја зголеми повторно цената и да ја прифати понудата од каталонците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА