Рома не го дава врвот на Италија, убедлива победа кај Кремонезе

Рома се врати на првата позиција на табелата во италијанското првенство откако во 13. коло славеше на гостувањето кај Кремонезе со 1-3.

Соуле во 17. минута донесе предноста за „волчицата“, а резулттот 0-1 остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Рома остана без тренерот Гасперини кој доби црвен картон во 62. минута, но тоа дополнитлно ги мотивираше гостинските фудбалери кои само две минути подоцна преку Фергусон поведоа со 0-2.

Во 69. минута Весли постигна гол за 0-3 по што поразот го ублажи Фолино во 93. минута.

Се вчитува...