Един Џеко уште еднаш покажа зошто е главен играч на Рома сезонава, постигнувајќи гол за водство од 1-0 на самиот почеток од дуелот со Барселона. Босанскиот голгетер одлично прими една топка зад противничката одбрана, а потоа рутински го совлада Тер Штеген, носејќи надеж меѓу домашните навивачи и фудбалери дека е возможно чудо на „Олимпико“ вечерва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА