Рома не запира: Ангажира и младински репрезентативец на Италија

Рома е еден од најактивните клубови на трансфер маркетот ова лето. По превземањето на клубот од страна на тренерот Гасперини „волчицата“ официјално ангажираше пет фудбалери, а наскоро се очекува и промоција на нов стопер.

Станува збор за Даниеле Гиларди, 22-годишниот младински репрезентативец на Италија кој пристигнува од редовите на Хелас Верона. Овој трансфер ќе ги чини клубот од главниот град на Италија 10 милиони евра со можност истата сума дополнително да се зголеми со одредени бонуси.

Договорот е постигнат, Гиларди наскоро ќе ги помине медицинските прегледи и официјално ќе биде претставен во дресот на Рома.

Се вчитува...