Рома не запира, лесен триумф и над Монца

Рома ја продолжи победничката низа во италијанското првенство совладувајќи ја Монца во 26. коло со 4-0 со што воедно и се доближи до местата кои водат во европските натпреварувања следната сезона.

Салемакерс го отвори натпреварот со гол во 10. минута, а веќе до полувремето „волчицата“ стигна и до предност од 2-0 по голот на Шомуродов. Во 73. минута триумфот го потврди Ангелињо, a во 88. минута Кристанте ги постави конечните 4-0.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...