Рома продолжува со стариот рецепт, со минимални победи да го чува врвот на табелата во Калчо-лигата oткако избраниците на Гасперини по голема борба славеа на тешкото гостување против Фиорентина со 1-2. Од петте победи на Рома сезонава, дури четири се со еден гол разлика, а „волчицата“ веќе собра 15 бода со скромна гол-разлика 7-2.
Успехот на денешниот дуел е уште поголем ако се знае дека Фиорентина прва поведе преку Кеан, но гостите од Рим најпрвин израмнија со погодокот на Соуле, за преку Кристанте во 30. минута да го комплетираат пресвртот.
Болоња во вториот меч од попладневната програма рутиски славеше над Пиза со 4-0, но мора да се истакне дека гостите од 36. минута при резултат 1-0 играа со фудбалер помалку по црвениот картон на Туре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

