Рома со победа на гостувањето кај Салернитара ја отвори новата сезона во италијанското првенство, а тритте бода беа повод за Жозе Мурињо да ги почести своите играчи и стручен штаб. Харизматичниот тренер и овој пат како „награда“ одбра пица.
Португалскиот стратег купил 60 пици со кои стави дознаење колку му значи доброто отварање на сезоната во која Рома ќе атакува на висок пласман на домашната сцена и Лига Европа.
Минатосезонскиот освојувач на Конференциската лига во текот на летото ги ангажираше Паоло Дибала, Немања Матиќ, Миле Свилар, Џини Вајналдум и Зеки Чекил, а се очекува на „Олимпико“ да пристигне и Андреа Белоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА