Во последниот натпревар во Серија „А“ во 23 коло, Рома со 4:0 ја совлада екипата на Каљари, и со тоа напредуваше на петтото место.
Рома дојде до третиот триумф по ред под новиот тренер Даниеле Де Роси, кој го наследи Жозе Мурињо. И покрај убедливата победа, легендата на Рома беше бесен на одредени свои играчи, поточно на Лукаку и Паредес, кои влегоа во конфликт со играчите на Каљари.
„Ми се допаѓа тоа кога играчите се обидуваат да ги одбранат своите соиграчи, но при 4-0 мора да бидат интелигентни. Мораме да се воздржиме од такво однесување, затоа што е навистина глупаво да се добие жолт картон при 4-0. Не може да си дозволиме да изгубиме некој важен играч поради жолт картон“, рече Де Роси.
Паредес доби жолт картон, додека Лукаку се извлече и не доби јавна опомена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА