Одличната форма на Рома под водство на Даниеле де Роси продолжи и на денешниот дуел со Сасуоло, што „волчицата“ го доби со минимални 1-0. Триумфот е уште позначаен ако се знае дека домаќините во тимот го немаа Пауло Дибала, додека Ромелу Лукаку настапи повреден, се со цел да даде свој придонес за успешната серија да продолжи.
Првото полувреме на „Олимпико“ заврши без голови, а мечот беше решен во 50. минута кога Пелегрини со прекрасен удар од дваесетина метри го матираше голманот на Сасуоло.
Трите бода значеа и зацврстување на петтото место на табелата, со три бода заостанување зад четвртопласираната Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА