Тимот на Милан веќе има нов десен бек, а станува збор за Алесандро Флоренци, кој доаѓа од Рома на позајмица. Италијанскиот репрезентативец е среќен што преминува во клуб како Милан, бидејќи „волчицата“ веќе од поодамна не смета на неговите услуги.
Алесандро изминативе две сезони беше на позајмици во Валенсија и ПСЖ.
Сега ќе биде позјамен и во таборот на „росонерите“ со откупна клаузула од седум милони евра доколку италијанскиот вицешампион е задоволен од неговите прикажани игри. Се очекува Флоренци да биде резерва на Давиде Калабрија, кој засега е неприкосновен на оваа позиција, но сезоната е долга, особено што Милан се враќа во Лигата на шампиони по подолго време.
Инаку, доаѓањето на Флоренци ќе значи и дека Андреа Конти ќе ја продолжи кариерата во Калјари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА