Раководството на Рома ќе му понуди нов договор на тренерот Жозе Мурињо. Самиот Португалец изрази желба да остане во Рим, а навивачите се надеваат дека „Специјалниот“ ќе остане да биде тренер на „волчицата“.
Мурињо неколку пати најави дека е подготвен за нова соработка, и тоа целосно зависи од раководството на клубот. Нивната намера е да му го продолжат договорот на 1+1 година, а дополнителната година автоматски би се активирала ако Рома се пласира во Лигата на шампионите.
Исто така Рома сака да назначи и нов спортски директор, со оглед дека Тиаго Пинто ќе ја напушти функцијата после јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА