Пауло Фонсека и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Рома, откако римскиот клуб го потврди ангажманот на 46-годишниот уругвајски стратег. Потпишаниот договор е со важност за следните две сезони, а Фонсека ќе има за задача повторно да ја внесе Рома во Лигата на шампионите, откако „волчицата“ сезонава не успеа во реализација на зацртаната цел.
„Пресреќни сме што сме во можност да му посакаме на Пауло Фонсека добредојде во нашиот клуб. Тој е млад и амбициозен тренер, со победнички менталитет и напаѓачки фудбал на кој инсистира“ – истакна претседателот на Рома, Џим Палота.
Фонсека доаѓа во Рим од кормилото на Шахтјор Доњецк, каде во трите сезони во својот клуб стигна до двојната круна во украинското првенство и националниот куп. Претходно португалскиот стратег работеше во татковината како тренер на Пакош Фереира, Брага и Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА