Првиот човек на Рома, Џејмс Палота, ги потврди шпекулациите дека „волчицата“ ќе го продаде Раџа Наинголан во Интер. Белгиецот лани беше меѓу најдобрите играчи на Рома, но инсистира на заминување, а управата не планира сосила да го држи во „вечниот град“. Воедно, Палота се осврна и на иднината на голманот Алисон Бекер, за чии услуги се интересираат неколку врвни клубови.
„Алисон Бекер е одличен голман и нормално е да вреди висока отштета. Ние бараме 78 милиони евра, а како што стојат работите тој е најблизу до Реал Мадрид. Логично е да си замине, исто како што Наинголан ќе се пресели во Интер“ – истакна Палота.
Како што јавуваат италијанските медиуми, Алисон веќе ги прифатил понудените услови за петгодишен договор со Реал, па Бразилецот се надева дека во следните денови клубовите ќе се договорат за трансферот на „Сантијаго Бернабеу“ час поскоро да се комплетира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА