Јасно е дека Немања Матиќ на лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед, а најверојатно и Англија. Според пишувањата на италијанските медиуми, најзинтересирани за него се од Рома. Матиќ дојде во Јунајтед по препорака на Мурињо, кој одлично ги познава квалитетите на Србинот, и сега би можел одново да соработува со него.
Играчот од средниот ред на Рома би му донел искуство, а медиумите истакнуваат дека токму преселба во Италија била и неговата желба пред крајот на кариерата.
Инаку Рома и минатата година беше заинтересирана за Матиќ, односно Мурињо го сакаше веднаш по неговото назначување, но тогаш двата тима не се договорија околу отштетата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА