Рома прави тим за титула, доаѓа и Клајверт помладиот

Тимот на Рома викендов треба да добие уште едно сериозно засилување. По ангажманот на Иван Маркано од тимот на Порто и на извонредниот Брајан Кристанте, во вечниот град стигнува и Џастин Клајверт.

Младиот холандски фудбалер, син на славниот Патрик Клајверт, деновиве треба да стави потпис на договорот за неговиот трансфер од Ајакс во Рома. Договорот меѓу клубовите веќе е постигнат. Младиот Клајверт ќе ја чини Рома 15 милиони евра, плус 5 милиони бонус и процент од следната продажба на фудбалерот.

Џастин Клајверт има 18 години, веќе втора сезона е стандарден во составот на Ајакс. За него беа заинтересирани и Манчестер јунајтед и Барселона, но Клајверт ја одбра Рома и силната италијанска лига. Рома создава добар тим за следната сезона. Покрај овие три засилувања „на радар“ имаат уште енколку млади играчи. Според најавите, клубот летово ќе го напуштат некои од поискусните играчи како Наинголан и Стротман, а најверојатно и бразилскиот голман, Алисон Бекер.

Се вчитува...